Веше големо изненадување, но Христијан Мицкоски се повлече од измените на Кривичниот законик, вели Али Ахмети во големото интервју на ТВ21.

Лидерот на ДУИ вели дека на тајни средби меѓу него, Зоран Заев и Никола Груевски многу се зборувало и се договарало за тие измени, и мислел дека сè e договорено, но новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се повлекол.

Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ за да се изгласааат уставните измени, додава Ахмети на прашањето дали измените на КЗ се извесен договор за изгласување на Уставот.

Додаде и дека драстично се разликуваат ставовите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за оваа „жешка тема“ и дека македонската партија јавно го кажала својот став дека нема да гласа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.