Утре во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе биде отворена меѓународна изложба под наслов „Заеднички патишта“ на група уметници од Македонија, Чешка и Словенија.
Овој пат заеднички ќе се претстават уметниците Петра Јовановска, Слаѓана Матич Трстењак, Вит Павлик, Теодор Бузу и Рафаел Ристовски и ќе се обидат да направат едно заедничко ликовно патување.
Претставените уметници истражуваат разнoвидни теми и тоа со посредство на разни ликовни дисциплини како е акварел, колаж, фотографија, сликартсво. Ликовниот проект е поддржан од Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје и Град Скопје. Изложбата е во организација на самостојна ликовна уметница Петра Јовановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.