Во Министерството за култура на Бугарија денеска ќе бидат потпишани договори за заеднички активности меѓу Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките, Археолошкиот музеј на Република Македонија и Националниот музеј на Србија, јави дописникот на МИА. во Софија.
Музеите ќе ги претставуваат нивните директори. На настанот ќе присуствуваат министерот за култура на Бугарија, Велислав Минеков и амбасадорите на Македонија и на Србија во Софија, Агнеза Руси Поповска и Желко Јовиќ.
Главна цел на договорите е спроведување заеднички проект меѓу трите национални институти со цел сукцесивно претставување на заедничка изложба во Скопје, Белград и Софија. Изложбата треба да ги прикаже материјалите и историјата на истражувањето на античката некропола, откриена во 1918 година кај Требениште кај северниот брег на Охридското Езеро за време на градежните активности на бугарските инженерски единици, а подоцна истражувана од бугарски, српски и македонски археолози во различни децении на 20-ти век.
Целта на изложбата и проектот не е само првпат по 100 години да се соберат репрезентативните наоди кои денес се чуваат во музеите во Скопје, Охрид, Софија и Белград, туку и да се покаже заедничката волја за соработка и пријателство меѓу трите земји.
Првата изложба се одржа во 2019 година во Скопје. Три години првата изложба, трите институтуции од Бугарија, Македонија и Србија ги обновуваат напорите за целосно спроведување на проектот за трите соседни земји. Трите музеи ги здружуваат силите во име на пријателските односи меѓу нивните земји и стратешки важното партнерство во областа на културното и историското наследство и неговото научно истражување, зачувување и презентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.