Традиционалниот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија  се одржува денеска ( 1 јануари 2024 година), под диригентската палка на маестро Кристијан Тилеман во Златната сала на Музикферајн во Виена. Кристијан Тилеман ужива особено блиско и продуктивно уметничко партнерство со Виенската филхармонија. По 2019 година, концертот на 1 јануари е втор пат кога Кристијан Тилеман го води овој престижен концертен настан.

Новогодишниот концерт во 2024 година се емитува во над 90 земји и ќе го следат милиони телевизиски гледачи ширум светот.

Концертот нестрпливо го очекуваат дури и оние кои не се големи љубители на класичната музика и знаат да заплескаат на традиционалниот завршеток во ритамот на Маршот Радецки од Јохан Штраус, кој за првпат е изведен во 1945 година, а по неколку години станува задолжителен дел од бисот и крајот на концертот.

Прекрасните балетски точки пак се изведуваат од Виенската државана опера и балет, а од 1980-та традиционално, цвеќињата за украсување на салата ги подаруваше градот Санремо од Италија, а сега веќе неколку години, од градините на Виена.

Од сезоната 2012/2013 Кристијан Тилеман беше главен диригент на Стаатскапеле Дрезден. По ангажманите во Дојче опер Берлин, во Гелзенкирхен, Карлсруе, Хановер и Дизелдорф, во 1988 година се преселил во Нирнберг за да ја заземе функцијата Генерален музички директор. Во 1997 година се вратил во својот роден град Берлин за да ја води Дојче операта до 2004 година, кога станал музички директор на Минхенската филхармонија, функција што ја извршувал до 2011 година. Покрај неговата сегашна позиција во Дрезден, Тилеман бил и уметнички директор на Велигденскиот фестивал во Салцбург, каде што Staatskapelle служеше како резидентен оркестар, од 2013-22. Во септември 2023 година, Кристијан Тилеман беше назначен да го наследи Даниел Баренбоим како генерален музички директор на Staatsoper Unter den Linden почнувајќи од сезоната 2024/25.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.