Прослава на енергијата и младешката моќ преку универзалниот јазик на уметноста. Во периодот од 11 до 26 април ќе ја истражиме богатата таписерија на музиката, литературата, филмот..преку студентскиот креативен дух.

Овој интердисциплинарен пристап и спој на различни уметнички факултети ќе ги претстави многуте облици на уметничката форма. За прв пат креираме патување низ институциите во кое студентите и професорите ќе ни ги доближат видовите на уметничко творештво на интегриран начин. Да се препуштиме на убавината, сетилата и емоциите на уметноста како главен двигател која не познава граници и да го доживееме креативниот студентски импулс.

 

Придружете ни се да ги обликуваме и збогатиме нашите перспективи во овие пролетни денови.

Подолу погледнете ја целокупната програма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.