Вчера во 01.12 часот во СВР Скопје, И.С.(38) од Скопје пријавил дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил нападнат од кучиња скитници.

Според пријавеното, тој при обид да побегне паднал и се здобил со повреди констатирани во Ургентниот центар во комплексот.

За проблемот со кучињата скитници веќе со години се жалат и вработените во клиничкиот центар, но и пациентите, кои алармираат дека во дворот царуваат неколку глутници, кои напаѓаат луѓе и се касаат меѓусебе. Во подоцнежните часови кога има помала развиженост, кучињата добиваат поголема смелост и сила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.