На 24 ноември во Домот на културата АСНОМ во Гостивар ќе биде отворена самостојната изложба на уметницата Христина Марковска.

Поимно писмо на Готлоб Фреге го истражувал сознавањето на определената научна вистина која минува низ неколку стадиуми на извесност, надополнувајки се сегментарно преку истите формирајкји соодветен исказ… во овој случај тоа е уметничкото дело. Во суштина и самото потекло на уметничкото дело е поврзано со најсовршениот метод на докажување на уметничката креација, која не е наполно зависна и во тесна врска со психолошкиот модус (логичкиот начин), но во себе содржи и математичка формулација и помош на логичките дедукциии поткрепена од законите на мислата трансцедентира во една автохтона уникатна творевина.

 

Релјефната поставка на еден од објектите реферира на преодноста, односно канализирање на мисловниот пат до финалниот производ, а тоа е тродимензионалниот објект во вајарството – од цртеж кон форма… во математиката: планиметрија – стереометрија „клетка – ткиво, органон“, односно начинот на градење на конструтивноста и градењето на мисловниот процес преку кој се доаѓа до реализирање на уметничкото дело. И, колку уметникот, како творец, минува низ и се соочува со низа несоодветности, а без активноста на сетилата е невозможен било каков ментален развој, преку кој се интерпретира стравот како емотивна реакција на уметниковата духовна природа во истразувањето и создавањето на сосем нова и единствена автентична ликовна материја, пишува авторката во најавата за изложбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.