Сила Екин од Турција и Миколај Зараѓи од Полска летово се запознале на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзиетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, се вљубиле и по пет месеци се венчале.

Оваа приказна ја споделуваат од МСМЈЛК, кои им посакуваат на Сила и Милокај љубовта еден кон друг и среќата во заедничкиот живот, секојдневно да им се распламтува, а заедно со нив и нивната заедничка љубов кон македонскиот јазик и македонската култура.

Вљубеноста во македонскиот јазик и македонската култура, Сила Турција и Миколај од Полска, од две различни страни на Европа ги доведе крај брегот на Охридското Езеро, на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. Исто како и уште шеесетина други семинаристи од различни страни на светот.

Но, тие двајца почувствуваа и сфатија дека за нив, македонскиот јазик е јазикот на љубовта. И тука, крај Охридското Езеро, на македонски јазик, еден на друг си рекоа: Те сакам! Пет месеци потоа, дури траеше Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, еден на друг си ветија вечност на нивната љубов.

Драги Сила и Миколај, ви посакуваме љубовта еден кон друг и среќата во заедничкиот живот, секојдневно да ви се распламтуваат. А заедно со нив и вашата заедничка љубов кон македонскиот јазик и македонската култура заради која тука, во срцето на Балканот ви се вкрстија патиштата и вашите срца започнаа забрзано да чукаат – срцето на Сила за Миколај, а  срцето на Миколај за Сила, во ритамот на македонскиот 7/8 такт, велат од МСМЈЛК.

Од семинарот ги очекуваат повторно, но овојпат заедно да дојдат во Охрид.

Вашата приказна е (и) убава македонска приказна. Раскажувајте ја (и) на македонски јазик, велат од МСМЈКЛ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.