На 2 април со почеток во 12.30 часот во Национална установа- Центар за култура НУЦК „Бели мугри“-Кочани во соработка со Музеј на град Скопје, ќе биде отворена ретроспективната изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници Владимир Георгиевски, со поставени 20-тина дела од неговиот богат творечки опус .

Изложбата се реализира во соработка со Музеј на Град Скопје, преку мрежата „МузеумЛинк”, чија што цел е да им овозможи на што поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на уметникот.

Автор и координатор на мрежата „МузеумЛинк” е Јасминка Намичева-кустос советник од Музеј на град Скопје. Делата за оваа поставка на изложбата се во сопственост на Фросина Георгиевска, ќерката на професорот Георгиевски, која заедно со Намичева го направија и конечниот избор на дела.

Оваа изложба е дел од проектот ПРЕВЗЕМАЊЕ ИЗЛОЖБИ 2024 и е со комплетна финансиска поддршка од Министерството за култура, информираат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.