Францускиот институт во Скопје по повод 8 Март ја организира проекцијата на филмот „Старателство” во Кинотека на Македонија (утре во 20 часот).

Филмот е со ангажирана тематика и се прикажува по повод 8 Март, Меѓународниот ден на женските права, а воедно е и прв настан од серијата активности во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата.

„Старателство“ е филм на Гзавие Легран, од 2017, со Леа Дрикер, Дени Миноше и Тома Жорија во главните улоги.

Филмот ја обработува темата за децата како жртви при бракоразводна постапка на родителите, но и за насилството во рамките на семејството.

Филмот е добитник е на бројни награди, меѓу кои и 4 награди Цезар: најдобар филм, најдобра женска улога, најдобро сценарио и најдобра филмска монтажа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.