Актерката Весна Бејби Петрушевска се прости од маестро Александар Џамбазов, кој денеска почина во Скопје, неколку дена пред 86-тиот роденден.
Единствениот маестро за мене во мојот живот, кроток, мил, зборлест, духовит, вечно вљубен во својата Анче, постојано загрижен за своите Тања и Игор…Што седења сме си имале пред Воена болница кога Игор имаше проблеми со здравјето, колку тајни ми има кажано за македонските пејачи затоа што бев многу љубопитна. Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал. Те сакам мој мој маестро и треба да си во алејата на великаните без збор!!!! Игор и Тања, моето најдлабоко сочуство, чичко Ацо баци ми ја Анче, напиша Бејби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.