Тој е ма­е­стро Але­ксан­дар Џам­ба­зов, а не гос­по­дин Џам­ба­зов. Обра­ќа­ње­то со гос­по­дин не го при­фа­ќа. Со до­бит­ни­кот на на­гра­да­та за жи­вот­но де­ло на го­ди­наш­ни­от „Скоп­ски фе­сти­вал“ се срет­нав­ме не­кол­ку­па­ти пред да се сог­ла­си да пи­шу­ва­ме за не­го­ва­та жи­вот­на­та при­каз­на. Иа­ко на­ши­те сред­би тра­е­ја со ча­со­ви во при­ја­тен и от­пу­штен раз­го­вор, ма­е­стро Џам­ба­зов се дво­у­ме­ше да­ли да ја на­пра­ви­ме оваа при­каз­на. Не­го­ва­та ка­ри­е­ра е бо­га­та и дол­га, но ре­тко се сог­ла­су­вал да да­де ин­терв­ју. Се­пак, бла­го­да­ре­ние на мо­ја­та упор­ност и на по­мо­шта од не­го­ви­от син Џам­баз Ју­ни­ор, ус­пе­ав во на­ме­ра­та за­ед­нич­ки да ги по­тсе­ти­ме по­во­зрас­ни­те на чо­ве­кот што на­пра­ви мно­гу шла­ге­ри, а на де­ца­та да им го прет­ста­ви­ме чо­ве­кот што ги на­пи­ша пес­нич­ки­те со кои рас­тат, „Еј гу­ла­би, гу­ла­би бе­ли„, „За си­те де­ца“, „Пес­на за Скоп­је“, „Мо­ја­та учи­тел­ка“…

Та­тко­то на дет­ска­та пес­на во пен­зи­о­нер­ски­те де­но­ви е по­све­тен на си­нот и на ќер­ка­та – Игор и Та­ња Џам­ба­зо­ви, и на спо­ме­ни­те на не­го­ва­та со­пру­га, ле­ген­дар­на­та Ан­че Џам­ба­зо­ва. Се­кој на­пис, се­ко­ја фо­то­гра­фи­ја, се­кој ви­де­о­ма­те­ри­јал од се­мејс­тво­то Џам­ба­зо­ви е спа­ку­ван во ар­хи­ва­та. И де­нес тој ги сни­ма си­те по­ја­ву­ва­ња на Игор на те­ле­ви­зи­ја. Не­кои од сним­ки­те и на­пи­си­те во ме­ди­у­ми­те ѝ ги ис­пра­ќа на Та­ња, ко­ја со го­ди­ни е на аме­ри­кан­ски­от кон­ти­нент.

– Има ед­на мис­ла што сум ја про­чи­тал и ми оста­на во се­ќа­ва­ње. Не бев све­сен де­ка жи­ве­ам со неа: „Жи­во­тот што ни го да­ва при­ро­да­та е кра­ток. Но, се­ќа­ва­ња­та на не­за­бо­рав­ни­те го­ди­ни се веч­ни“. Де­нес мо­ја­та де­фи­ни­ци­ја ка­ко лич­ност, по таа суд­би­на жи­вот без Ан­че, е де­ка ве­ге­ти­рам со не­за­бо­рав­ни­те спо­ме­ни од ми­на­то­то. Ко­га раз­го­ва­раш со ме­не, ме гле­даш тем­пе­ра­мен­тен, но јас ко­га сум сам е по­и­на­ку. Јас жи­ве­ам со се­ќа­ва­ња­та – ве­ли ма­е­стро Џам­ба­зов.

Нас­ме­ан, до­сет­лив и со од­лич­на ме­мо­ри­ја. Очиг­лед­но, Игор Џам­ба­зов го има нас­ле­де­но ге­нот за смис­ла за ху­мор, но и за до­бро па­ме­те­ње од сво­јот та­тко. Се се­ќа­ва на мно­гу де­та­ли од жи­во­тот. Трг­ну­вај­ќи од пос­лед­на­та на­гра­да за жи­вот­но де­ло го пра­шав да­ли мо­же да се се­ти на на­гра­ди­те и на оп­штес­тве­ни­те приз­на­ни­ја што да­ти­ра­ат уште од по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, по­ра­ди кои, на­ви­сти­на, го зас­лу­жи ова пос­лед­но приз­на­ние. Свет­ска на­гра­да на ин­тер­на­ци­о­на­лен кон­курс во Ка­ва ди Ти­ре­ни во 1966 го­ди­на за ком­по­зи­ци­ја­та „Рап­со­ди­ја за Скоп­је“, пр­ва на­гра­да на „Сти­хо­ви и то­но­ви“, на­гра­да во рам­ки­те на „Стру­шки­те ве­че­ри на по­е­зи­ја­та“ за ком­по­зи­ци­ја инс­пи­ри­ра­на од сти­хо­ви на ма­ке­дон­ски авто­ри, на­гра­да „Млад бо­рец“, на­гра­да за ма­ни­фе­ста­ци­ја­та „Ку­рир­че“, ба­гра­да „13 Но­ем­ври“, „11 Октом­ври“ за жи­вот­но де­ло, на­гра­да за жи­вот­но де­ло „Трај­ко Про­ко­пи­ев“, ста­ту­е­тка „Мла­до по­ко­ле­ние“, „Ку­рир Јо­ви­ца“ на Со­ве­тот за вос­пи­ту­ва­ње на де­ца во Ју­гос­ла­ви­ја, Ор­ден на Ре­пуб­ли­ка­та со брон­зен ве­нец, на­гра­да за жи­вот­но де­ло на Со­ју­зот на естрад­ни ра­бот­ни­ци на Ју­гос­ла­ви­ја, ју­гос­ло­вен­ски ре­кор­дер на фе­сти­ва­лот во Опа­ти­ја со 21 ком­по­зи­ци­ја, на­гра­ди во Сплит, Са­ра­е­во, Вој­нич­ки фе­сти­вал во Бел­град, во Ниш, фе­сти­ва­ли на дет­ска му­зи­ка, тро­ен по­бед­ник на „Скоп­ски­от фе­сти­вал“… За не­кои се се­ти, за не­кои го по­тсе­тив од тоа што го нај­дов и про­чи­тав за не­го. Ме из­не­на­ди со не­го­ва­та ме­мо­ри­ја, со ог­лед на тоа де­ка не му оста­вив вре­ме да про­чеп­ка во не­го­ва­та бо­га­та му­зич­ка ар­хи­ва.

Ед­на од најз­на­чај­ни­те на­гра­ди е таа во Ита­ли­ја, за ком­по­зи­ци­ја­та за со­ло-пи­ја­но и сим­фо­ни­ски ор­ке­стар во кон­ку­рен­ци­ја на 78 пес­ни. Тој е пр­ви­от Ма­ке­до­нец, а тре­ти­от Ју­гос­ло­вен што до­бил ме­ѓу­на­род­на на­гра­да. Про­нај­дов на­пис од 1966 го­ди­на со нас­лов – „Бах и џез во Рап­со­ди­ја за Скоп­је“, ка­де што се из­ва­де­ни ита­ли­јан­ски­те кри­ти­ки за не­го­ва­та композиција инс­пи­ри­ра­на од ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес: Ед­на од нај­ус­пеш­ни­те ком­по­зи­ции што сме ја слуш­на­ле, мо­дер­на ком­по­зи­ци­ја со искра на оду­ше­ву­ва­ње во мрач­но­то мо­ре од раз­бир­ли­ва та­га…

– Не оти­дов да ја при­мам на­гра­да­та, имав­ме не­кои про­би око­лу на­ста­пот на Де­нот на со­ли­дар­но­ста, до­а­ѓаа врв­ни пе­ја­чи, го­ле­ми под­го­то­вки. По­доц­на, ко­га ја про­чи­тав кри­ти­ка­та ов­де си ре­ков ова за ме­не е или не. Јас са­ми­от не ве­ру­вав што пи­шу­ва. Таа пес­на бе­ше инс­пи­ра­ци­ја се­га по­чи­на­ти­от Ди­ми­трие Ос­ман­ли да го сни­ми фил­мот „Ме­мен­то“. Гер­ман­ски ди­ри­гент по­ми­ну­ва низ Ма­ке­до­ни­ја, се за­поз­на­ва со мла­да де­вој­ка Ја­на, оди во Гр­ци­ја да ди­ри­ги­ра, се вра­ќа, ја ба­ра, Скоп­је ур­на­то… Тре­ба­ше да одам во Љуб­ља­на за да сни­ма­ме еден дел, но ми бе­ше страв да одам со ави­он, па ту­ка прис­по­со­бив­ме, во са­ла – се при­се­ту­ва ма­е­стро Џам­ба­зов.

Во ед­на ста­ра сто­ри­ја за Џам­ба­зов про­чи­тав де­ка па­рич­ни­те на­гра­ди што ги до­би­вал ги по­да­ру­вал. Во 1969 го­ди­на до­бил на­гра­да од 200.000 ди­на­ри за пес­на­та за „Бил­ја­на“ што ја пе­е­ја Лео Мар­тин и Џа­ни Мар­шал, па­ри­те ги дал ка­ко по­мош за на­стра­да­ни­те во зем­јо­тре­сот во Ба­ња Лу­ка. Во 1970 го­ди­на ја по­да­рил па­рич­на­та на­гра­да за ме­ло­ди­ја­та „За­пре­те во­зо­ви“, а две го­ди­ни по­доц­на и на­гра­да­та од 300.000 ди­на­ри за поз­на­та­та „Еј гу­ла­би, гу­ла­би бе­ли“. Тие па­ри ги има до­ни­ра­но во УНИЦЕФ, од ка­де што има до­би­е­но и приз­на­ние. За ва­кви­от че­кор ве­ли:

– Тоа беа дру­ги вре­ми­ња. Са­кав, мо­жев и имав жел­ба. Та­ка бев­ме вос­пи­ту­ва­ни. Ед­на ули­ца, ед­на фа­ми­ли­ја. Ве­ро­јат­но зна­ев што зна­чи да не­маш, да си гла­ден. Сум бил де­те на ули­ца, мо­и­те по за­тво­ри, по пар­ти­за­ни… Во Штип ме хра­не­ле бу­гар­ски вој­ни­ци. Имаа кан­ти­на, пе­чеа леб, бу­гар­ски вој­ник ми се­че­ше леб и ми да­ва­ше, за ме­не и за ба­ба ми. За жал, де­нес не­ма та­кви чув­ства, не­ма жел­ба да се по­да­ру­ва. Иа­ко сум во се­гаш­но­ста, жи­ве­ам во ми­на­то­то.

НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПЛИМЕНТИ

На­гра­ди­те и приз­на­ни­ја­та се са­ти­сфак­ци­ја, но го­ле­ми­те комп­ли­мен­ти се уште по­го­ле­ма са­ти­сфак­ци­ја. По­ба­рав поз­на­ти­от му­зи­чар да се при­се­ти на тие мо­мен­ти во ка­ри­е­ра­та што му би­ле мо­тив за уште по­ве­ќе труд и ра­бо­та:

-Во 1960 го­ди­на, уште ка­ко сту­дент ис­пра­тив ком­по­зи­ци­ја на фе­сти­ва­лот во Опа­ти­ја. Тоа бе­ше ју­гос­ло­вен­ски „Сан Ре­мо“. Во кон­ку­рен­ци­ја на 402 ком­по­зи­ции, ме­не ми ја при­ми­ја „Пес­на на вра­ќа­ње­то“. Ма­ке­дон­ска­та ку­ќа то­гаш ме пра­ти да при­сус­тву­вам на фе­сти­ва­лот. Мо­ја­та пес­на ја пе­е­ше Га­би Но­вак. Бо­јан Ада­миќ, член на жи­ри­то, ми ви­ка: „Ка­ко е ва­ши­от та­тко“. Ми пер­си­ра, а јас де­ти­ште. Се чу­дам од ка­де го знае та­тко ми?! И пра­шав зар се поз­на­ва­ат. Ми ве­ли: „Не, мис­лев ќе дој­де ва­ши­от та­тко по­ра­ди ком­по­зи­ци­ја­та“. Гле­дам збу­не­то и ве­лам: „Ма­е­стро, јас ја на­пи­шав ком­по­зи­ци­ја­та“. Ме гле­да и за­чу­де­но ве­ли: „Што?! Кој?! Ка­ко?!“ Тоа бе­ше пр­ви­от су­пер­комп­ли­мет што го до­бив.

След­на­та го­ди­на Џам­ба­зов од вој­ска ис­пра­тил две ком­по­зи­ции на кон­кур­сот во Опа­ти­ја, две­те му ги при­ми­ле. След­на­та го­ди­на, 1962 го­ди­на, сѐ уште во вој­ска, бил пре­фр­лен во Вра­ње, ис­пра­тил три ком­по­зи­ции, три­те му ги при­ми­ле.

– Ѝ ре­ков на Ан­че да ги да­де на пре­пи­шу­ва­чи и под ши­фри да ги ис­пра­ти во Ју­гос­ло­вен­ска­та ра­дио-те­ле­ви­зи­ја за кон­кур­сот за Опа­ти­ја. Еден и пол ме­сец по­доц­на дој­де Ан­че со та­тко ѝ и ви­ка: „Ти при­ми­ја три ком­по­зи­ции“. Шок. Јас во транс, ќе по­бу­да­лам, не мо­жам да по­ве­ру­вам. Таа го­ди­на по­бе­ди Пе­шев со „Еден бак­неж“. Ин­те­рес­на е при­каз­на­та за „Љу­бов и мо­тор“, ед­на од три­те ком­по­зи­ции што ги на­пра­вив. До­де­ка бев­ме во Би­ле­ќа, Ми­ќо Ор­ло­виќ бе­ше со ме­не во вој­ска. То­гаш бе­ше ѕвез­да, пре­не­су­ва­ше свет­ски нат­пре­ва­ри… Про­чи­тал текст во ху­мо­ри­стич­но­то спи­са­ние „Јеж“ и ми ви­ка, Џамбo ај про­чи­тај го овој текст, мно­гу е ду­хо­вит… Го чи­там тек­стот и ком­по­ни­рам – рас­ка­жу­ва тој и поч­ну­ва да пее „Ди­вим се Ани­ног љу­пом би­ќу, ал ипак ви­ше во­лим фи­ќу. Ле­по је кад сам с мо­јом Аном, ал леп­ше леп­ше за во­ла­ном. Ка­кве со­на­те, ка­кви сла­ву­ји, пес­ма је кад фи­ќин мо­тор зу­ји. И ни­је ова не­ко откри­ќе и ме­не Ана во­ли во­ли због фи­ќе, ал јед­ног да­на кад мо­тор ста­не, пре­ста­ќе и љу­бав мо­је Ане…“

Та­ка на­ста­на „Љу­бов и мо­тор“. Хит бе­ше да се има фи­ќо… Ја пе­е­ја „4М“, нај­до­бри­от во­ка­лен квар­тет во Ју­гос­ла­ви­ја. Вто­ра­та вер­зи­ја ја пе­е­ше Ми­ки Је­вре­мо­виќ, му да­дов шан­са, то­гаш прв­пат се по­ја­ви на Опа­ти­ја. За да ја на­пра­ват, се отво­ри сце­на­та и на неа вле­зе фи­ќо. Це­ла са­ла шок, а овие ман­гу­пи игра­ат, пра­ват шоу. Фа­бри­ка­та ре­ши­ла да го по­да­ри фи­ќо­то. А, кој да го зе­ме? Ком­по­зи­то­рот, авто­рот на текст или из­ве­ду­ва­чи­те? И ре­шив­ме да се по­да­ри на не­ко­ја ху­ма­ни­тар­на ор­га­ни­за­ци­ја – до­да­ва тој.

Пред фе­сти­ва­лот, ко­га се отво­ра­ле пли­ко­ви­те за да се про­ве­ри чии ими­ња сто­јат зад ши­фри­те под кои се за­пи­ша­ни из­бра­ни­те ком­по­зи­то­ри, со­се­ма слу­чај­но се по­го­ди­ле пр­ви­те пет пли­ко­ви да би­дат од ма­ке­дон­ски ком­по­зи­то­ри.

– Еми­нент­но жи­ри ги отво­ра пли­ко­ви­те за из­бра­ни­те пес­ни, ги гле­да­ат ши­фри­те, и да се по­го­ди пр­ви­от плик му­зи­ка Але­ксан­дар Џам­ба­зов, фи­но Ма­ке­до­нец, втор Пе­тар Пе­шев, уште еден Ма­ке­до­нец. Трет плик „Ки­ша“, Але­ксан­дар Џам­ба­зов, лу­ѓе што е ова? Че­тврт плик Пе­шев, си­те шо­ки­ра­ни. Пет­ти­от плик Џам­ба­зов. Ста­ну­ва ед­ни­от од нив и ви­ка „ако е по­втор­но Џам­ба­зов ќе го по­ни­штам фе­сти­ва­лот“. Па по­го­лем комп­ли­мент не сум мо­жел да до­би­јам. По­тоа, на­ред­ни­те го­ди­ни Пе­шев има­ше уште ед­на ком­по­зи­ци­ја. Јас на три­те пр­ви фе­сти­ва­ли имав шрдт мои пес­ни, по­тоа до 1968 го­ди­на имав 11 ком­по­зи­ции во Опа­ти­ја – се на­вра­ќа Џам­ба­зов на го­ди­ни­те на­на­зад.

ТАНЦОВ ОРКЕСТАР

Ма­е­стро Џам­ба­зов 37 го­ди­ни од сво­јот ра­бо­тен век по­ми­на ка­ко ди­ри­гент на Тан­цо­ви­от ор­ке­стар во МРТ. Ве­ли де­ка ова е бла­го­да­ре­ние на иск­лу­чи­тел­на­та лич­ност на Дра­ган Ѓа­ко­нов­ски – Шпа­то, ка­ко и на по­ја­ва­та на култ­ни­те фил­мо­ви „Бал на во­да“, а по­доц­на „Мом­че­то со тру­ба“.

–Во 1961 го­ди­на ме из­браа за пре­тсе­да­тел на жи­ри­то да се фор­ми­ра тој биг-бенд. При­мив трој­ца му­зи­ча­ри, од кои двај­ца не зна­е­ја но­ти. Во 1961 го­ди­на се ро­ди Тан­цо­ви­от ор­ке­стар, прв чо­век бе­ше Шпа­то. По зем­јо­тре­сот во 1963 го­ди­на, оти­де ор­ке­ста­рот во Би­то­ла. Тој мо­ра­ше да оди во Бел­град, ме по­ви­ка ди­ре­кто­рот и ми ка­жа де­ка мо­рам да го пре­зе­мам ор­ке­ста­рот. Та­ка ста­нав ди­ри­гент. 37 го­ди­ни го во­дев, до мо­е­то пен­зи­о­ни­ра­ње во 2001 го­ди­на.

„Бал на во­да“ и Шпа­то се нај­го­ле­ми­те „ви­нов­ни­ци“ за ус­пе­хот на Џам­ба­зов. Пр­ва­та ком­по­зи­ци­ја ја на­пи­шал во 1953 го­ди­на, „Ме­кси­ка­на“, на ко­ја Шпа­то на­пра­вил ма­ли ко­рек­ции и пот­пи­шал: „По­пра­вио Дра­ган Ѓа­ко­нов­ски – Шпа­то“.

–Имав сре­ќа на 17 го­ди­ни да сви­рам ги­та­ра во ор­ке­ста­рот на Шпа­то во фа­бри­ка­та „Про­грес“ кај ста­ри­от Цве­тен па­зар. Пра­вев­ме игран­ки. То­гаш ја на­пи­шав „Ме­кси­ка­на“, то­гаш до­ми­ни­ра­ше јуж­но­а­ме­ри­кан­ска­та му­зи­ка и џе­зот. Си­те поч­нав­ме во тој стил. Па­ра­лел­но дој­де ле­ген­дар­ни­от „Бал на во­да“. Си­те по­бу­да­лу­вав­ме по таа уба­ви­ца Естер Ви­ли­јамс, ко­ја е сѐ уште жи­ва. Мис­лам де­ка тој филм, тие еден и пол час, ни ја одре­ди­ја жи­вот­на­та суд­би­на и ме­не и на уште два-трој­ца. Ре­ков, јас мо­рам да ста­нам ком­по­зи­тор. Шпа­то го гле­дал де­ве­де­сет и два-три па­ти. Сим­ну­ва­ше му­зи­ка. Со ба­те­ри­ја му све­тат, а тој за­пи­шу­ва. Јас сум го гле­дал 21 пат. Бев­ме ма­ѓеп­са­ни, дро­ги­ра­ни од таа уба­ви­на.

ТАТКО НА ДЕТСКАТА ПЕСНА

Ток­му тој е еден од ви­нов­ни­ци­те за соз­да­ва­ње­то на „Скоп­ски­от фе­сти­вал“. Сѐ поч­на­ло ка­ко кон­курс со цел да се пот­тик­не ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка. Иде­ја­та би­ла да се на­пра­ви кон­церт, но то­гаш Џам­ба­зов дал пред­лог да се на­пра­ви фе­сти­вал. Друш­тво­то на ком­по­зи­то­ри ја при­фа­ти­ло иде­ја­та и со 12 ком­по­зи­ции, из­ве­де­ни во две вер­зии, во 1968 го­ди­на се одр­жал пр­ви­от „Скоп­ски фе­сти­вал“. Пес­ни­те би­ле сни­ме­ни во не­кои хан­га­ри кај хо­тел „Кон­ти­нен­тал“:

– То­гаш се до­го­во­рив­ме да на­пра­ви­ме ре­ви­ски ор­ке­стар и да по­ви­ка­ме пе­ја­чи од це­ла Ју­гос­ла­ви­ја. Таа го­ди­на Бран­ѓо­ли­ца до­би пр­ва на­гра­да од жи­ри­то, а јас тре­та за „Јуж­на ѕвез­да“. Пуб­ли­ка­та, пак, пр­ва­та на­гра­да ѝ ја до­де­ли на мо­ја­та „Сра­меж­ли­ва“ што ја от­пе­а­ја За­фир Ха­џи­ма­нов и Љуп­ка Ди­ми­тров­ска, а вто­ра­та вер­зи­ја Ви­о­ле­та То­мов­ска со Ди­ме По­пов­ски.

Ма­е­стро Џам­ба­зов ре­дов­но учес­тву­ва на овој фе­сти­вал и е единс­тве­ни­от тро­ен по­бед­ник со ком­по­зи­ци­и­те „Сра­меж­ли­ви“, „Са­мо ти“ и „Љу­бов не­вер­на“. По три го­ди­ни, во 1971 го­ди­на поч­на нај­до­бар фе­сти­вал во Ју­гос­ла­ви­ја.

Тој е ви­нов­ник и за по­сто­е­ње­то на дет­ски­от фе­сти­вал „Злат­но сла­веј­че“, втор нај­стар фе­сти­вал за дет­ска пес­на во Евро­па. За­тоа и мно­гу­ми­на го зна­ат ка­ко та­тко на дет­ска­та му­зи­ка, а тие што ка­ко де­ца пе­е­ле во хо­рот „Раз­ви­гор­че“ му се обра­ќа­ат со чич­ко Ма­е­стро. Ја на­пи­ша ле­ген­дар­на­та „Скоп­је ра­до­сти ќе би­деш..“, ко­ја сме ја пе­е­ле си­те ка­ко де­ца и ко­ја и де­нес е не­о­фи­ци­јал­на хим­на на гра­дот:

– Во 1971 го­ди­на се одр­жа пр­во­то „Злат­но сла­веј­че“. До то­гаш, ка­ко да не­ма­ше афи­ни­тет и ин­те­рес да се на­пра­ват дет­ски пес­ни. Рас­пи­шав­ме кон­курс, не­ма­ше до­вол­но ком­по­зи­ции. Да­дов 14 ком­по­зи­ции, 22 аранж­ма­ни за ре­ви­ски­от ор­ке­стар, из­би­рав де­ца, го увеж­бу­вав ор­ке­ста­рот, ди­ри­ги­рав, го сни­мив сту­ди­ски тој ма­те­ри­јал за те­ле­ви­зи­ја. Тоа бе­ше ра­ѓа­ње­то на „Злат­но сла­веј­че“. На пр­во­то фе­сти­вал­че пе­е­ше де­те од че­ти­ри го­ди­ни. Пе­е­ше во жи­во. След­на­та го­ди­на пе­е­ше де­те на 4,5 го­ди­ни Ан­то­а­не­та Тно­ков­ска со „Чуд­но ма­че“. Во 1974 го­ди­на ни се прик­лу­чи За­пров со хо­рот „Раз­ви­гор­че“. Ни по­ну­ди­ја да се да­ва на Мон­де­ви­зи­ја, но по­ба­рав пр­во тој да се на­пра­ви на ни­во на Ју­гос­ла­ви­ја. Поч­наа да до­а­ѓа­ат де­ца од збра­ти­ме­ни­те гра­до­ви. За жал, пр­ви­те де­сет „злат­ни сла­веј­чи­ња“ се из­бри­ша­ни од ви­де­о­те­ка­та на МРТВ. Тоа се етич­ки кри­ми­нал­ци, кои ги из­бри­шаа сла­веј­чи­ња­та и че­ти­ри­те пр­ви скоп­ски фе­сти­ва­ли. Ако не­кој ги има тие сним­ки, би бил бла­го­да­рен да ми ги да­де.

Про­сто­рот е пре­мал за сѐ што по­ми­нал, до­жи­ве­ал и на­пра­вил ма­е­сто Џам­ба­зов, кој на ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка ѝ да­ру­ва­ше по­ло­ви­на век. Не­го­ви­от ре­волт од не­по­чи­ту­ва­ње­то на тоа што го има­ат оста­ве­но тој и не­го­ви­те ко­ле­ги е при­чи­на­та што на по­че­то­кот не са­ка­ше да се сог­ла­си да ја об­ја­ви­ме не­го­ва­та жи­вот­на при­каз­на. Во не­го­ви­те се­ќа­ва­ња се вре­жа­ни ин­те­рес­ни и среќ­ни мо­мен­ти, кои де­нес на­мер­но или не се под­за­бо­ра­ва­ат. Му не­до­сти­га ду­хот што по­сто­ел во го­ди­ни­те ко­га соз­да­вал. Но, тра­ги­те не мо­жат да се из­бри­шат. Фа­кти­те по­ка­жу­ва­ат – пос­лед­на­та на­гра­да дој­де во ви­стин­ски ра­це. Зад не­го­во­то име има за­пи­ша­но по­ве­ќе од 1.450 сту­ди­ски за­пи­си, дет­ски пес­ни, шла­ге­ри, пес­ни за ор­ке­стар, му­зи­ка за филм, прет­ста­ви. Бе­ше ди­ри­гент на пос­лед­на­та евро­ви­зи­ја со ор­ке­стар, ко­га Ма­ке­до­ни­ја ја прет­ста­ву­ва­ше Вла­до Ја­нев­ски. Раз­го­ва­рав­ме и за пос­лед­ни­те ком­по­зи­ции. До­де­ка Ан­че Џам­ба­зо­ва ле­же­ла бол­на на­пра­вил не­кои аранж­ма­ни, а по неј­зи­на­та смрт од 1997 го­ди­на, не­ма ком­по­ни­ра­но. Ве­ли, инс­пи­ра­ци­ја има, жел­ба не­ма.

За­до­волс­тво е да се слу­ша­ат при­каз­ни­те на чич­ко Ма­е­стро. До­бри­от ху­мор не изо­ста­на ни­ту во еден мо­мент во раз­го­во­рот. Во не­гов стил на кра­јот на раз­го­во­рот се нас­меа:

– Се на­де­вам ќе по­жи­ве­еш пак да ми на­пра­виш ин­терв­ју.

НОТИТЕ БИЛЕ МНОГУ СЛАТКИ

Штип­ја­нец, кој жи­вее во Скоп­је, ро­ден во Вој­во­ди­на. Тоа ме на­те­ра да пра­шам зо­што се­ло Ста­пар:

–Де­до ми Але­ксан­дар, по кој сум кр­стен, бил дес­на ра­ка на Го­це Дел­чев и на Да­ме Гру­ев до­де­ка би­ле учи­те­ли во Штип. Го пра­ќа­ле на­ва­му–на­та­му. Имал трој­ца си­но­ви и две ќер­ки. Та­тко ми ка­ко де­те сви­рел на прим, го но­се­ле во Истан­бул да сви­ри на бег, да за­ра­бо­ти не­кој де­нар. Се за­пи­шал на учи­тел­ска шко­ла, би­ла на ранг на фа­кул­тет. Ја за­вр­шил шко­ла­та ка­ко нај­до­бар уче­ник, а тие нај­че­сто ги ста­ва­ле да ра­бо­тат во до­бри гра­до­ви. Та­тко ми бил Ме­то­ди­ја Але­ксан­дров Ни­ко­лиќ. Ко­га се за­пи­шал во учи­ли­ште не му доз­во­ли­ле да би­де Џам­ба­зов, за­што та­тко му бил стре­лан 1921 го­ди­на за ВМРО, за Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко каз­на што е де­те на вмро­вец, бил пра­тен во се­ло Биг­ла, над пла­ни­ни­те во Ниш. Чи­тал на све­ќа. По пет го­ди­ни го пра­ти­ле во Вој­во­ди­на, во се­ло Ста­пар.

Со­се­ма е јас­но од ка­де та­лен­тот за му­зи­ка. Освен та­тко му, та­лент за му­зи­ка има­ла и не­го­ва­та те­тка, ко­ја му пе­е­ла пес­ни ка­ко мал.

– Ед­но утро те­тка ми рек­ла „Цве­то, Ме­то, де­те­то поч­на да ми ги пее пес­ни­те што јас му ги пе­ев и сум зас­па­ла“. Ту­ка е тој по­че­ток. Но, за јас да се за­ни­ма­вам со му­зи­ка нај­го­ле­мо вли­ја­ние има­ше ед­на му­зич­ка ле­ген­да, Сер­геј Ми­хај­лов, ру­ски еми­грант. Тој е чо­ве­кот што ја по­ста­ви пр­ва­та опе­ра во Штип во 1924 го­ди­на. Бе­ше по­све­тен на де­ца­та. Ка­жа де­ка ќе се пра­ви му­зич­ко учи­ли­ште, кој са­ка да се при­ја­ви. Де­ца ка­ко де­ца, оди­ме си­те. Тој ги поз­на­ва­ше си­те на­ши ро­ди­те­ли. Но­се­ше ед­на цр­на чан­та, ко­ја оди­гра пре­суд­на уло­га. Пра­шу­ва­ше „од кај си“? „Од На­се­ви“. „При­мен си“. „Ти од ка­де си?“„Од Ни­ко­ло­ви“. „ Те­бе да те чу­јам“. „Ти?“ „Од Џам­ба­зо­ви“. „При­мен си“. Пр­ви­от час таб­ла, на­цр­та­но пе­то­ли­ние. И ви­ка, де­нес ќе учи­ме му­зи­ка. Што се но­ти­те. На­цр­та ед­но јај­це и ни ка­жа де­ка тоа е це­ла но­та. Од цр­на­та чан­та из­ва­ди ја­бол­ка и кру­шки. Ни да­де на си­те по ед­на и ни ка­жа тоа е це­ла но­та. По­тоа на таа но­та ста­ви цр­тич­ка за по­ло­ви­на но­та. По­тоа и ово­шки­те ги исеч­ка, им ста­ви не­кои им­про­ви­зи­ра­ни чеп­кал­ки и ете по­ло­ви­на но­та… За­вр­шу­ва ча­сот оди­ме до­ма и на ро­ди­те­ли­те им ви­кам но­ти­те би­ле мно­гу сла­тки. Ни да­де кру­шки ја­бол­ка… Пак ќе одам. Та­ка ус­пеа да нѐ ани­ми­ра кон му­зи­ка­та.

Поч­нал да сви­раи ви­о­ли­на кај чич­ко­то на опер­ска­та ди­ва Зи­на Кре­ља, Пе­тар Кре­ља. Му ја вр­зу­вал ра­ка­та со ор­то­ма за да ја др­жи пра­вил­но ви­о­ли­на­та. Сред­но учи­ли­ште поч­нал во гим­на­зи­ја­та „Ор­це Ни­ко­лов“.

-По­тоа Или­ја Ни­ко­лов­ски – Луј ме зе­ма во му­зич­ко­то учи­ли­ште. Луј го вик­на та­тко ми, јас за­ед­но со та­тко ми оти­дов кај не­го и тој ви­ка: Гос­по­ди­не Џам­ба­зов, ние од Ацо ќе пра­ви­ме ма­ке­дон­ски Па­га­ни­ни. Сум имал дол­ги пр­сти и слух, тер­мин што јас не го при­фа­ќам. Ме­не не ме ин­те­ре­си­ра­ше мно­гу ви­о­ли­на­та, то­гаш поч­нав да уди­рам по кла­ви­ши­те на кла­ви­рот. Ме за­пи­шаа во му­зич­ко. Мно­гу ми бе­ше дра­го ко­га не одев на ча­сот по сол­феж, ту­ку гос­по­ди­нот Гај­дов ме пра­ќа­ше на те­тка Љу­би­ца да ѝ ку­пам леб, мле­ко… Има­ше ве­ло­си­пед, го вр­зу­ва­ше со син­џир, ми го да­ва­ше да одам да ѝ ис­па­за­ру­вам на Те­тка Љу­би­ца, пре­крас­на же­на, ми да­ва­ше да по­ја­ду­вам. Пу­тер или не­што та­кво. Гај­дов, пр­ви­от учеб­ни­кар, мо­же­ше да си доз­во­ли та­кви ра­бо­ти.

Во 1956 го­ди­на се за­пи­шал на му­зич­ка ака­де­ми­ја во Бел­град во кла­са­та на Мар­ко Тај­че­виќ. Ка­ко еден од ре­тки­те ака­дем­ски обра­зу­ва­ни му­зи­ча­ри го вра­бо­ти­ле во Ра­дио Скоп­је, ка­де што про­дол­жил да со­ра­бо­ту­ва со Шпа­то.

АНЧЕ ЈА ФАТИВ СО ГИТАРАТА

Ан­че би­ла и оста­на­ла нај­го­ле­ма­та љу­бов на Џам­ба­зов. Раз­го­ва­рав­ме за жи­во­тот со фе­но­ме­нал­на­та актер­ка, а тој со за­до­волс­тво и по­се­бен жар го­во­ре­ше за неа:

Од венчавката на Александар и Анче Џамбазови

– Ја за­поз­нав ле­то­то 1960 го­ди­на пред да одам во вој­ска, на ле­ту­ва­ње во Охрид бев со То­мис­лав Зо­граф­ски, Ми­хај­ло Ни­ко­лов­ски, Зо­ран Ди­ми­тров­ски, а Џу­ва­ле­ков­ски има­ше ви­ла кај Ка­нео. Ту­ка про­стор за сон­ча­ње, јас со ги­та­ра­та. Пе­тре Пр­лич­ко сни­ма­ше „Со­лусн­ки­те атен­та­то­ри“, а таа со ма­ќе­а­та бе­ше сме­сте­на кај „Св. Со­фи­ја“. Ма­ќе­а­та ла­же Ан­че се ка­пе, а јас и Ан­че со друш­тво­то пеш до син­ди­ка­лен дом на игран­ка. Ја фа­тив со ги­та­ра­та. 1961 го­ди­на го сни­ми „Мир­но ле­то“, во Охрид и во Скоп­је. Ка­ко се­га се се­ќа­вам, отка­ко се за­поз­нав­ме оди­ме на кор­зо. Се на­о­ѓа­ме во по­не­дел­ник, таа пла­че. Што ти е бе зла­то, што ти ста­на? Ди­ре­кто­рот на учи­ли­ште­то го вик­нал та­тко ѝ. Клас­на­та му ка­жа­ла де­ка ја ви­де­ле Ан­че со не­кол­ку де­вој­ки и ед­но мом­че, кое ѝ ја ста­ви­ло ра­ка­та пре­ку ра­мо­то. Тоа не сме­е­ло. Та­тко ѝ ја ис­по­ка­рал… Мо­рав­ме де­вој­ки­те да ги вра­ќа­ме во осум ча­сот. Ед­на ве­чер доц­нев­ме че­ти­ри ми­ну­ти. Та­тко ѝ не ја при­ма, не­ка спие кај ком­ши­и­те. А, ми беа љу­бо­мор­ни за Ан­че. До­шол бел­град­ски­от ѓак, им ја фа­тил нај­у­ба­ва­та де­вој­ка. Ан­че се­кој ден ја пу­шта­ла мо­ја­та пес­на „Пес­на по­вра­тка“ од пло­ча­та од Опа­ти­ја. Вљу­бе­на. Пр­лич­ко ѝ ви­кал, до­ста ма, се­кој ден тоа, па тоа, са­мо тоа. Еден ден се бри­чел, Ан­че си пе­е­ла, и тој се свр­тел; „ааа му ја пе­еш пес­на­та на Ацо му­зи­кан­тот“. Таа пре­среќ­на, та­тко ѝ ме знае… Во 1962 го­ди­на се ре­ги­стри­рав­ме. Пр­лич­ко ед­на ќер­ка, ќе ја ре­ги­стри­ра. Тој при­ја­тел со си­те. Ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти бе­ше Ко­чо Би­то­ља­ну. До­а­ѓа­ат на свад­ба си­те, 300 го­сти, Пе­тре ќе пла­ќа. Јас са­мо што поч­нав со му­зи­ка, а ве­ќе по­пу­ла­рен. Да­вам до­ку­мен­ти и на­ста­ну­ва шок. Јас во кр­ште­ни­ца­та Але­ксан­дар Ме­то­ди­ев Ни­ко­лиќ. Во­е­на кни­шка Але­ксан­дар Џам­ба­зов. Же­на­та ка­жу­ва не мо­же да нѐ ре­ги­стри­ра, Пр­лич­ко шок… Ко­чо Би­то­ља­ну го­стин и од­ма пот­пи­шу­ва де­ка ли­це­то тоа и тоа е ед­но исто, ста­ва пот­пис и ние се ре­ги­стри­рав­ме. Е, по го­ди­ни, ко­га Пр­лич­ко се ше­гу­ва­ше со ме­не, ве­ле­ше: „Абе кај го нај­де овој му­зи­чар. Ја ба­раа трој­ца кон­зу­ли и двај­ца ам­ба­са­до­ри, јас на му­зи­кант ја да­дов“. А пос­ле ќе се свр­те­ше и ќе ре­че­ше: „Ама си го са­кам по­ве­ќе од Ан­че“.

Џам­ба­зов ден-де­нес ги чу­ва си­те пис­ма што Ан­че му ги пра­ќа­ла во вој­ска:

– Страв ми е да ги отво­рам. Се­кој ден Ан­че ми пи­шу­ва­ше. И ко­га ќе не на­ре­дат да чи­та­ат по­шта пр­во ви­каа Џам­баз. Си­те зна­е­ја де­ка во по­не­дел­ник или втор­ник ќе до­би­јам две пис­ма, пра­ти­ла и са­бо­та и не­де­ла. И ко­мен­ти­раа, овој по­втор­но има пис­ма. По­ра­ди тоа и Ми­чо Ор­ло­виќ ми го да­де тој текст за „Љу­бов и мо­тор“.

 

ДЕТСКИТЕ ЛУДОРИИ НА ИГОР

Го пра­шав за на­ла­ни­те со кои се по­ја­вил на „Скоп­ски­от фе­сти­вал“ – до­те­ран , сре­ден, со на­ла­ни на но­зе. И не­го­ви­от ко­мен­тар бе­ше: „А, тоа е од Игор, да ка­жам јас за не­го“.

– Ман­гуп бе­ше уште ка­ко мал. „Са­мар­че­то“ оде­ше по­не­дел­ник поп­лад­не на ју­гос­ло­вен­ска те­ле­ви­зи­ја. Нај­го­лем хит бе­ше. Еден ден се ка­чу­ва до­ма со топ­ка под ра­ка и пла­че: „не са­ка­ат да ме игра­ат дру­га­ри­те“. Отиш­ле си­те да го гле­да­ат „Са­мар­че­то“.

Има­ше 13 го­ди­ни, му из­ле­гоа ка­лен­дар­чи­ња во „Ве­чер“. Се гла­са­ше за ТВ-ли­це на го­ди­на­та. Игор до­би 20.000 гла­са по­ве­ќе од Пр­лич­ко. Ед­наш, пак, до­а­ѓа и ми ви­ка: „Здра­во ко­ле­га“. Јас збу­нет, а тој ми ви­ка: „Па јас и ти сме ко­ле­ги. Јас на те­ле­ви­зи­ја, на ра­дио, во вес­ни­ци, ти исто, ние сме ко­ле­ги“. И та­ка оста­на, до ден де­нес не ме ви­ка та­то.

Игра­ше фуд­бал со ед­ни по­ста­ри де­ца од дру­ги­от влез. До­а­ѓа и ви­ка: „та­то бе, зна­еш ли што е та­тко му Ба­же што е? Ви­со­ко дис­кфа­ли­фи­ку­ван бра­вар“ .

Ед­наш, пак, оди­ме кај па­зар­че­то кај „Пут­ник“ и сто­и­ме на се­ма­фо­ри.

По­ми­ну­ва ед­на уба­ва де­вој­ка, не­мав ви­де­но по­у­ба­ва де­вој­ка во Скоп­је. Се­ди Игор во авто­мо­би­лот до ме­не и му ви­кам: „ко­ле­га ви­ди, си ви­дел ли по­у­ба­во де­вој­че“. И ми тек­на: „Слу­шај, не­мој да си ка­жал на мај­ка ти што гле­дам по де­вој­чи­ња“. И Игор ка­ко стре­ла: „абе бу­да­ла еден, се ка­жу­ва ли тоа на ма­ма“.

До­а­ѓам ед­наш од ра­бо­та, Ан­че се­ди во днев­на и пла­че: „Ле­ле Игор што на­пра­ви, са­мо, те мо­лам, не те­пај го. А тој во ед­на­та со­ба, се­стра му во дру­га­та, две го­ди­ни е по­ма­ла Та­ња од не­го. Тој да ти зе­ме но­жи­ци и да и на­пра­ви на Та­ња крст на гла­ва. Ја иши­шал. Кај не­го дуп­ка на­пред. Ле­ле, ко­га ви­дов. Ан­че ми ви­ка си игра­ле бер­бе­ри. Го зе­мав Игор, му ви­кам: „ иди­о­те, ќе те уте­пам, об­ле­ку­вај се да те но­сам на бер­бер“. А Та­ња ви­ка: „са­кам и ме­не да ме но­сиш на бер­бер“. А Игор ка­ко од топ: „ќу­ти ма, ја те­бе те пот­ши­шав“.

След­ни­от мој ко­мен­тар бе­ше де­ка го пре­поз­на­ва­ат ка­ко та­тко­то на Игор Џам­ба­зов, а ма­е­страл­ни­от Џам­ба­зов вед­наш има­ше од­го­вор:

– А, на па­зар има ед­но мом­че што про­да­ва ти­кви. Се ви­ка Игор. По­ми­ну­ва­ат лу­ѓе што ме зна­ат, ме поз­дра­ву­ва­ат со ма­е­стро. Мом­че­то ми ви­ка дој­ди след­на­та не­де­ла ќе имам уба­ви ти­кви. Одам и мом­че­то му ви­ка на еден па­зар­џи­ја: „Спи­ро, абе ти зна­еш ли Игор Џам­ба­зов чиј син е? Игор е син на овој чо­век, а тој се ви­ка ма­е­стро Але­ксан­дар Џам­ба­зов“. Си­те око­лу поч­наа да се сме­ат. А, јас му ви­кам: „са­мо од те­бе ќе ку­пу­вам, за це­на не пра­шу­вам. Ти си пр­ви­от во Ма­ке­до­ни­ја што ка­жа пра­вил­но. Си­те ви­ка­ат та­тко­то на Игор“. Јас де зет на Пр­лич­ко, де маж на Ан­че, та­тко на Игор…

Разговорот го водеше: Билјана Бабиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.