Неделната понуда на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид овој пат е спој од издавачките програми на „Книгохоличари“ и „Сакам книги“

На одделот за зајмување може да ги побарате следните наслови: „Десет мали воздишки“ од А.К. Такер, „Господин неподнослив“ од Вај Киленд и Пенелопи Вард, „Малата пациентка“ од Шерон Болтон, „Ме сака, не ме сака“ дело на Сара Донзил и „Улицата на бродовите“ од Сара Џио.
Потсетуваме дека и ова лето библиотеката со корисници работи од понеделник до петок од 8 и30 до 16:00 часот а годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.
До крајот на неделава во Библиотеката се одвива Летниот саем на книги во ладовина а функционира и 24 часа отворената бесплатна библиотека наменета пред се’ за странските туристи, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.