И Нора Шакири, која пред Магдалена Ризова Черних беше разрешена од функцијата в.д. директор на Театар Комедија и се обрати на поранешната министерка за култура Ирена Стефоска.

Министарице Стефоска да знаев дека толку многу ќе ве боли вистината порано ќе ви се обратев, ама ај ви текна на крај дека не лажевте. Денешново разрешување на Ризова од позицијата в.д. на Театар Комедија не ве амнестира од претходно стореното, ама ај ќе ви прогледам малку низ прсти. И да ако некогаш се вратите да министерувате научете да прашувате, гледајте ги сите страни, слушајте и бидете чесна и искрена во одлуките. Театар Комедија од денеска има нов в.д. директор, Дарко Спасов, кој нема фејсбук. Ирена ние се гледаме на суд, напиша на својот фејсбук профил Нора Шаќири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.