Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов.

Покрај главниот уредник – Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа – преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски – актер и Гоце Смилевски – писател, а издавач е Македонски народен театар.

Со ова драгоцено издание на „Иванов”, комедијата од 1887 година, и „Иванов“, драмата од 1889 година, во одличниот, лесно читлив, но и изговорлив превод на Драгица Најческа, многу нови, идни постановки и драматуршко-режисерски читања на оваа пиеса стануваат возможни и веројатни. Изданието, бездруго, ќе иницира и понатамошни анализи на драматуршката постапка во правењето суштински промени на еден, кон крајот на XIX век навидум кревок, a денес толку поставуван, игран, посакуван, секогаш одново актуелен, многуслоен драмски материјал, вели издавачот.

По промоцијата ќе следи потпишување на книгата, како и изведба на претставата „Иванов“ во режија на Бузалковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.