Македонскиот народен театар вечерва ќе ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска, во чест на 80-години од формирањето на НУ Народен театар, Битола. Претставата ќе почне во 20 часот.
Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.
Претстава „Бели ноќи“ својата премиера ја имаше на 17 октомври на малата сцена во МНТ.