По допрен глас, МВР го извести ОЈО за случајот за „Мал битолски Монмартр“ културна установа која во неколку наврати изминатиот период носеше деца во посета во Бугарија и на средба со бугарски политичари, меѓу кои и претседателот Румен Радев.

Полицијата го известила Основното јавно обвинителство, а реагираше и првата детска амбасада во светот Меѓаши со констатација за злоупотреба на децата за политички цели.

За жал, наместо децата да се третираат сериозно, тука се користат како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи. Го повикуваме Основното јавно обвинителство (ОЈО) да преземе соодветни мерки особено поради инволвирање на децата од Македонија во политички кампањи во друга земја и неколкукратно прекршување на правата на децата согласно Конвенцијата за правата на детето и Член 12 став 4 од Законот за заштита на деца: ‘Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување’“, порачуваат од „Меѓаши“.

Настанот се случи пред неколку месеци во организација на фондацијата Бугарска Меморија на бугарскиот тајкун Милен Врабевски кој ги финансира и клубовите  „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“  во Македонија. Во рамките на проектот од  „Од двете страни на границата“ Врабески го плати  5 дневниот престој  на 10 деца  од детското ликовно студио „Св Кирил и Методиј“ од Битола. За раководството нема ништо спорно во овој проект, за кој велат гради културни мостови меѓу двата народа, а децата во Бугарија  допатуваа  со согласност на родителите.

Децата не мешаат политика, што прави Врабевски со своите пари во своето слободно време апсолутно не ме интересира. Ние не бевме со клубот од Битола, туку со Македонско бугарското здружение за пријателство, вели Славчо Неделковски, член на УО на ДЛС Св Кирил и Методиј-Битола.

Младите ликовни уметници од Битола заедно со нивните врсници од Бугарија, во органзиација на фондацијата на Врабески,  учествуваа во камп  за филантропија,  во детска ликовна изложба,  а го посетија и дворецот Врана во Софија. Се   сретнаа со поранешниот бугарски цар Симеон Саксобурготски, а јавноста ја разбрануваа фотографиите  од посетата на децата на гробот на Цар Борис Трети, соработник на фашистите. Но, од Монмартр велат дека венец положија од фондацијата, а тие   само се сликаа.

Да и при самата прошетка низ дворецот Врана од  претседателот на фондацијата  на Цар Симеон ни беше кажано дека за време на Втората светска  војна тие беа на страната на окупаторот нацистичка Германија и  тоа  е факт од кој ни самите Бугари не бегаат. И не разбирам зошто од таа фотографија некој се возбудува кога имаме посочни фотографии од нашите политичари, рече Неделковски.

Од Детското ликовно студио  велат дека  се во тешка состојба  откако  МОН  го откажа нивното финансирање, па опстојуваат со донации.

Ние ќе  тужиме зашто овие деца седум месеци се оставени на милост и немилост, на донации од Врабевски, Панче од Франција, Шели од Израел. Ние сакаме овие деца да работат, а овој објект треба да се загрее, додава Неделковски од 33 сек ние ќе тужиме до крај

Претходно, Врабески на ФБ страницата на фондацијата Бугарска меморија се пофали дека на гости во Софија беа ученици од Битола кои се поддржувачи на културниот центар  Ванчо Михајлов, а објавија и  фотографии од  раководството на Техничкото училиште, кое потоа се правдаше дека во Софија отишле само во потрага по Еразмус партнери. Фондацијата пак веднаш потоа ги повлече нивните фотогарфиите од фб и веб страницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.