Во Центарот за култура во Кичево вечер концерт ќе одржи националниот ансамбл „Танец“. На програмата се повеќе игри, ора и песни од сите делови на земјава, а концертот ќе биде отворен со Поречките игри во кореографија на Тодор Јованов, по што играорците ќе го изведат Ајдучко оро.
Народните песни „Лено-Јелено“ и „Димитрија,деј,гиди,џанам“ ќе бидат во изведба на машката вокална група и оркестарот. Ансамблот Танец ќе ги изведе кореографските постановки Копачија и Малешевка, додека Сузана Спасовска ќе ја исполни народната песна „Бај Никола“, истакна Маја Николоска- Сиљаноска, портпаролка на Центарот за култура.
Женската вокална група и оркестарот ќе ги изведат народните песни „Задремала,џанам, млада невеста“,„Седна лудо да вечера“, а во завршницата на програмата ќе бидат изведени Гермијанско оро, кореографските постановки Сред село и Драчевка и оркестарскиот сплет „Разигран Танец“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.