Вчера, на 5 февруари почна кампања „Радио седмица на македонистиката“ организирана од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, којашто е поддржана од повеќе радиодифузери.

Како што соопшти МСМЈЛК при УКИМ, кампањата содржи дебати, интервјуа, изјави со домашни и странски македонисти, лектори по македонистика на странски универзитети, како и професори, предавачи, лектори и семинаристи на Четвртата зимска школа и Летните школи во Охрид.

Целта на кампањата е да ја афирмира македонистиката и дејноста на МСМЈЛК при УКИМ во Скопје, актуелизирајќи ја 2024 за Година на македонистиката, наведува МСМЈЛК.

Кампањата ќе трае до 11 февруари годинава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.