Oд 9 април до 11 јуни, секоја сабота од 10 часот во Кинотеката на Македонија ќе се прикажува по еден филм наменет за младата публика, проследен со дискусија и средба со филмски автор или актер. Потоа следи “ФИЛМСКА УЧИЛНИЦА” работилница со режисерката Марија Џиџева.
Филмовите што ќе произлезат од работилницата ќе бидат прикажани за време на десеттото издание на Џифони Македонија, и заедно со филмовите направени на фестивалот ќе се натпреваруваат за главната награда – професионална камера.

Линк за пријавивање на Giffoni Movie Days
https://tinyurl.com/movie-days

Линк за пријавивање за Филмската училница
https://tinyurl.com/film-classroom

Проектот Џифони Филмски Денови – Giffoni Movie Days е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Агенцијата за филм на РСМ и Кинотеката на Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер Џифони Експириенс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.