Како дел од проектот „Поддршка на изборните реформи“, мобилизаторката Деспина Ковачевска изминатата година ја спроведуваше иницијативата ,,Имаме вакво нешто”, преку која ја потсети централната власт за ветената реставрација на скопскиот аквадукт.

Во рамки на иницијативата беше одржана тура на скопскиот аквадукт со археологот Оливер Бојаџиев, додека нашиот познат уметник Матеј Богдановски изработи стрип за деца. Истиот беше промовиран на работилници во училиштата за да може и најмалите да се запознаат со нашето културно богатство, но и да се зајакне нивната свесност за барање на отчет од избраните политичари за ветеното и сработеното . Властите беа отворени да дадат информации за реставрацијата и беше донесен закон кој го става аквадуктот како културно наследство од особено значење. На идните мобилизатори на заедницата би им порачала да го пронајдат она за кое мислат дека треба да се промени и преку своите иницијативи гласно да го кажат. – истакна Ковачевска.

Скопскиот аквадукт минатата година го доби највисокиот акт на заштита, што ќе овозможи трајно зачувување на неговите вредности во културна и во историска смисла. Заштита на архитектурата и на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа конечно започнува и неговата физичка заштита.

Минатата година почна и првата фаза на конзервација и реставрација на скопскиот аквадукт, откако Владата донесе одлука да го прогласи за културно наследство од особено значење.

Токму затоа младите мобилизатори треба да се заинтересираат и за новиот повик со вкупна сума од 6.600.000 денари преку проектот на Швајцарската Влада „Поддршка на изборните реформи во Македонија“, Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), за доделување грантови за иновативни иницијативи.

Предложените иновативни иницијативи треба да идентификуваат проблем во заедницата за кој било ветено решавање или, пак, решение за кое било ветено остварување (во изборната програма) од страна на локалната власт и/или е вклучено во тековната програма на локалната самоуправа, и да ја мобилизира заедницата да ги потсети локалните власти на нивните дадени ветувања. Тие треба да се фокусирани на локални прашања чие решавање е во надлежност на локалната власт.

Апликации формално можат да поднесат граѓански организации, а барањето за еден грант треба да изнесува најмногу 300.000 денари. Апликантите на овој повик треба да имаат предвид дека ќе се сметаат за подобни доколку испратат само една апликација најдоцна до 30 септември, онлајн: electoralreforms.mk/cm-2022/

„Поддршка на изборните реформи“ е проект на Швајцарската Влада, кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Проектот цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите, кои се одблизу набљудувани од граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.