Со новиот закон кој стапи на сали од 1 декември 2021, државата преку фондот на Министерството за животна средина собрала 235.000 евра со поскапувањето на пластичните кеси во трговијата на 15 денари.

Наедно за десет пати е намалена употребата на пластични кеси откако на сила стапи новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Министерот за животна средина Насер Нуредини е задоволен од резултатите. Вели дека се одлични и дека граѓаните сè повеќе пазарат со торби.

„Во декември, од продажбата на пластични ќеси се собрани 235.000 евра кои одат во еколошкиот фонд. Сега ќе направиме план за какви еколошки проекти ќе се вложат овие пари. Чекавме да видиме колкави ќе бидат тие средства“, изјави денеска Нуредини.

Надоместокот од 15 денари за биоразградливи ќеси мора да се евидентира и пренесе во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.