СДСМ гласаше против пензионерите да добијат покачување од 20 отсто, Ковачевски е лицемерен. ВМРО-ДПМНЕ преку Собранието предложи покачување на пензиите за 20%, со што ќе се постигнеше ефект пензионерите да не ја почувствуваат инфлацијата и да не биде оштетен нивниот стандард, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ гласаше против, и со тоа потврди дека Ковачевски е лицемерен со пензионерите, и не сака реално покачување на пензиите.

Ковачевски не сака нити покачување на платите во јавниот сектор, и е против усогласување на платите на наставниците согласно колективниот договор.

Ковачевски е лицемерен со граѓаните. СДСМ само зема од народот. Со нив кризата е се поголема, а немаштијата се по присутна, стои во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.