Како што буџетот за 2022 не беше развоен и не обезбедуваше подобар стандард на граѓаните, така и презентираниот ребаланс нема да ги промени економските состојби. Напротив ќе продолжи економскиот хаос и пропаѓање, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ за предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година.

Ребалансот на буџетот само ги покажува безидејните политики на власта на СДСМ и ДУИ, велат од опозициска партија.

Според нив, „кратењето на капиталните инвестиции докажува дека оваа власт нема ниту план ниту визија како Македонија да излезе од економската криза, за која самата е одговорна“.

Македонија има најмал раст на БДП, Македонија е најсиромашна држава во Европа, Македонија има една од највисоките стапки на инфлација, Македонија има над 35% од населението во ризик од сиромаштија и редица други поразителни економски резултати, стои во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.