Курсот на американскиот долар на Мосвковската берза во претпладневното тргување во петокот се спушти на минималното ниво во последните четир години, а динамиката на тргувањето укажува и на јакнење на руската валута во однос на еврото.

Така, американскиот долар со порамнувањето за следниот ден во 11 часот по московско време, или 10 часот по македонско, паднал на 57,85 рубљи, првпат по април 2018 година, а со европската валута се тргувало на нивото од 59,97 рубљи, што е близу нивото од април од 2017 година.

Според аналитичарите на берзите, нивото на руската валута е под влијанието на фактот што компаниите се подготвуваа за извршување на даночните обврски на од 25-ти до 27-ми мај, што може да создаде вишок во понудата на доларите. Невообичаено силниот платежен биланс на Русија, исто така, има удел во движењето на валутата, додаваат.

Покрај тоа, показателите се под влијанието на различни органичувања на движењето на капиталот, воведени до руската централна банка, пренесува РИА:

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.