Инфлацијата граѓаните ја доживуваат како нивно дополнително осиромашување затоа што платите коишто ги добиваат ја губат вредноста. Од друга страна пак варијациите на инфлацијата во Македонија е голема, достигна 16.8 посто, со што Македонија е меѓу европските држави со највисока инфлаација а ниски примања, вели универзитетскиот професор, Јован Пејковски за телевизија 24.
Според него, Власта треба сериозно да пристапи кон изнаоѓање мерки со кои ќе им го олесни животот на најранливите кои се и најпогодени, од тука го поставува и прашањето до кое ниво инфлацијата ќе навлегува во џебовите на граѓаните и ќе ја обезверднува нивната месечна приходна страна
Од друга страна, самите граѓаните и тоа како ја чувствуваат инфлацијата затоа што не можат да ги задоволат основните потреби. Растот на цената на енергијата, на горивата, на струјата, растот на цената на храната гледаме и тоа како влијае на граѓаните и затоа кај нив се јавува една одбивност кон секоја најава за зголемување на цените како што веќе имаме најава за зголемување на цените на струјата, на горивото, на храна и така натаму.“ – вели универзитетскиот професор, Јован Пејковски.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.