Производителите на свињи од поширокиот кумановски регион вечерва се на средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство. Сточарите не отстапуваат од барањата и велат дека нема заболени животни од африканска чума во нивните фарми и бараат повлекување на сите мерки.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски во изјава за медиумите пред средбата со производителите истакна дека само во две населени места во кумановско сè уште важат мерките. Во останатите населени места во источниот дел од државата каде беа регистрирани првите случаи преземени се сите мерки и од страна на сточарите и од Агенцијата сите потребни мерки и таму состојбата е стабилна, мерките се укинати.
Во Кумановско, штом се завршат мерките во две населени места ќе се ослободат сите, изјави директорот на АХВ.

Укинувањето на мерките зависи од сточарите.

И на претходните средби истакнавме дека се работи според закон, добра волја никако на сила, никако со примена на репресивни мерки, вели Бабовски.

Тој кажа дека има добра војла кај сточарите, вети поддршка од Агенцијата, механизација, опрема, обесштетување од државата за одземените животни по пазарни цени. На прашање дали ќе се снабди локалниот пазарот со свинско месо пред Велигден, Бабовски вели дека државава е увозно единствено независна од свежо свинско месо.

Тука учествуваат и помалите производители и големите фарми, изјави Бабовски.

Сточарите, пак, велат дека ниту една свиња во месностите Љубодраг, Ново Село Умин Дол не угинала веќе шест месеци, а во Тромеѓа три месеци.

Претседателот и потпретседателот на Љубодраг и на Тромеѓа, Бобан Лазиќ и Владан Станојковски кажа дека ќе бараат решенијата за уништување на свињи.

Нема долг период ниту една угината свиња, ниту заболена. Немаат ниту соработка со ветеринарен центар. Ако ни се одобрат барањата ништо, но ако продолжат ќе поведе правна постапка против Агенцијата и ќе продолжиме со протести, велат Лазиќ и Станојковски.

Тие се пожалија дека ќе нема свинско месо за Велигден.

Производителите на свињи во неколку наврати ги блокираат регионалните патишта Куманово-Скопје (стар пат) и Куманово-Свети Николе. На средбата присуствуваат и пратениците Лидија Тасевска, Мартин Костовски и Мирослав Јовановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.