Нема грешки во чекорите, туку во објаснувањето на одредени работи, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во синоќешното гостување на телевизијата „21“. Според него, автопатските делници се нужни и требало да се изградат уште пред 20 години.

Североисточниот регион во којшто поминува Коридорот 8, а го градиме од пред шест години, е најсиромашниот дел во државата. А вториот најсиромашен регион е Полошкиот регион, додека трет е југозападниот регион, каде што исто така е предвидено да поминува коридорот. Со овој проект сакаме и економскиот развој да го поттикнеме“, вели Битиќи.

Тој додаде дека од желбата да се почне што побргу за да се надокнади изгубеното време се прават грешки во објаснувањето на одредени работи. Тој уверува дека секој денар што ќе биде потрошен за изградбата на автопатите за разлика од досегашната пракса, ќе биде објавен на „Отворени финансии“ и граѓаните ќе можат да видат колку пари се трошат. Тој рече дека договорот треба да биде јавен, освен делот за технолошките процеси кои на компанијата ѝ даваат уникатна предност пред другите компании.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.