Економијата расте и тоа во услови на економска криза и во период на пост ковид криза. Осум квартали по ред се бележи раст на БДП, велат од СДСМ утрово преку соопштение.

Од партијата на власт додаваат дека истовремено инфлацијата се намалува.

-Три месеци по ред стапката на инфлација опаѓа. Трендот на намалување продолжува и понатаму и во текот на годината стапката на инфлација ќе биде едноцифрена.

Растат платите и пензиите. Според усвоената методологија, минималната плата во март ќе се зголеми на над 20.000 денари, а пензиите за една година бележат раст од 16 проценти, посочуваат од „Бихаќка“.

СДСМ, потенцираат од таму, како одговорна партија продолжува со ефикасните и одговорни економски политики, кои даваат резултати, носат економски пресврт и подобар животен стандард за сите граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.