На повидок е нов скандал на владата на СДСМ и ДУИ тежок до 30 милиони евра. Владата ги злоупотребува институциите за профит на блиски луѓе до врвот на СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Постојат сериозни сомнежи дека преку фиктивни фактури се правеле цесии со Управата за јавни приходи каде што директорува Сања Лукаревска, заменик-претседател на СДСМ, на фирми кои што се должници и фирми кои што се побарувачи на данок на додадена вредност, односно преку фиктивни фирми побарувачи и фиктивни фактури од УЈП се испумпани до 30 милиони евра државни пари. СДСМ и ДУИ безмилосно ги трошат парите на граѓаните. Ова е начинот на кој СДСМ и ДУИ функционираат изминатите пет години, стои во партиското соопштение и се додава:

Наместо парите на граѓаните да се трошат на проекти за подобар и поквалитетен живот, завршуваат во џебовите на блиски поединци до власта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.