Заради регионално поголема железничка поврзаност на државата се размислува на поврзување на коридорите Xd и VIII. Имено, од железничката станица „Бакарно Гумно“ која се наоѓа меѓу Прилеп и Битола, во овој момент има индустриски колосек до Сопотница, во правец на Демир Хисар, истакна во интервју за порталот Локално директорот на ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“, Хари Локвенец, кој додаде дека со овој проект се планира и поврзување на Охрид и охридскиот Аеродром.

– Преостанува уште мал дел кој би требало да се изгради за поврзување со Коридорот VIII, на потегот меѓу Кичево и Требеништа. И последно, но не и поважност, е поврзувањето на скопскиот Аеродром. Проектираната динамика за завршување на источното крило на Коридорот XIII, координирана со нашите бугарски колеги, е крајот на 2027 година. Додека западното крило кон Република Албанија би требало да биде завршено до крајот на оваа деценија, истакна Локвенец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.