Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го поздравува отворањето нови работни места во Македонија преку инвестиции, но потсетува дека „Јагео“ е веќе присутна во земјата преку Кемет електроникс, инвестиција која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа не е нова инвестиција, туку проширување. Кемет електроникс е фирма која дојде во Македонија благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Јагео е фирма мајка на Кемет електроникс. Позитивната работа во Македонија на Кемет, ја носи Јагео во Македонија, а не СДС. Жалиме што СДС не успеа да донесе ниту една инвестиција, како ќе можеа да се отворат уште повеќе работни места. Се што е поврзано со странски директни инвестиции, ТИРЗ, како законски регулативи и инфраструктура е направено во време на ВМРО-ДПМНЕ, затоа е и фрустрацијата кај СДС. СДС нема капацитет за осмислување на законски рамки и воспоставување на институционална инфраструктура за СДИ, како што тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ. Се што требаше да направи СДС е да продолжи да управува со институциите кои се направија во време на ВМРО-ДПМНЕ , и да ги собира плодовите од инвестициите кои дојдоа во време на ВМРО-ДПМНЕ во форма на даноци во буџетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.