Цените на нафтата во светот денеска паднаа откако Кина поради случаи на коронавирус го стави во карантин цел Шангај, важен финансиски и производствен центар.

Цените на нафтата брент паднаа за повеќе од 4,5 долари за барел поради загриженоста дека „заклучувањето” на Шангај може да доведе до пад на побарувачката на нафта, јавува Би-Би-Си.

И покрај падот, цените на нафтата се уште се речиси 80 отсто повисоки од пред една година, а војната во Украина придонесе за голем скок.

Шангајскиот композитен индекс падна на почетокот на тргувањето на берзите, но го врати најголемиот дел од загубата во текот на ден от. Денешниот карантин во Шангај е најголемо „заклучување” во Кина од почетокот на пандемијата пред повеќе од две години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.