Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева бара владата да ја повлече препораката со која се овозможува продавници, киосци, штандови да работат за време на новогодишните и божиќни празници. Според неа, со тоа се кршат работничките права.

Ги повикуваме да ја повлечат оваа катастрофална одлука/препорака која е во интерес на работодавачите, но не и на работниците. Сведоци сме дека прекувремената работа, работата на празник и во ден на неделен одмор, не се плаќа од мнозинството приватни фирми. Оваа последна одлука е врв на нелогичност, на непочитување на работникот да биде за најголемите празници дома со семејството, да има право на одмор. Ова не ги одразува социјалдемократските вредности, напротив, како и многу пати до сега, да го бранат суровиот капитализам пред работничките права и работничкото достоинство – вели Ампева.

Таа додава дека до организацијата стигнеле голем број на поплаки од работници од трговијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.