Денес излезе Извештајот за ревизија на успешност за економските мерки на владата за справување со кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19, изработен од страна на Државниот завод за ревизија. Накратко, ревизорот констатира низа прекршувања кои јасно укажуваат дека во владата седат луѓе кои не знаат ни што работат, ниту пак како се работи. А врв на се е тоа што овој извештај потврдува дека владата во изминатиот период во континуитет лажеше кога постојано лицитираше со големината на пакетите мерки, стои во Фејсбук статусот на Гордана Димитриеска Кочоска.

– Имено, вкупната планирана помош изнесува 576 милиони евра, а реализирани се 427 милиони евра, заклучно со октомври 2021, напиша таа.

Кочоска прашува каде исчезна фамозната 1 милјарда евра помош која Заев ја зборуваше и тоа само за првите три пакети и
каде се потрошија 1 милјарда и 600 милиони евра кредити за две години, со кои сме задолжени не само ние туку и неродените деца⁉️

– Ќе одговарате за ова злодело кое го имате направено Но, да тргнам од почеток… Ревизорот констатирал дека носењето на Уредбите е вршено без сеопфатно планирање, анализа и оценка. Понатаму, нема акти за извршена анализа на состојбите на конкретни проблеми, отсуство на документација од извршени консултации и барање на мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни, со кои ќе се потврди дека при планирањето и дизајнот на шесте пакети економски мерки се направени проценки и анализи за потенцијалното влијание и импактот што би го имале мерките на економијата во целост.
Ова само го потврдува фактот дека таканаречениот еконосмки совет, комуникација со коморите и стопанствениците им беше параван во очите на јавноста. Исто така ревизорот констатира: “При планирањето на Буџетот на РСМ за 2021 и 2022 година, како втор стратешки приоритет е справувањето со светската пандемија предизвикана од коронавирусот, без да се наведат конкретни економски аспекти, имајќи предвид дека не е донесен друг долгорочен стратешки документ за справување со здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата, што укажува дека носењето на владините програми на годишно ниво е без среднорочното и долгорочното стратешко планирање на државно ниво. Почитувани, ова е најголемата болка, затоа економијата тоне. Внимавајте, нема конкретни економски аспекти. Значи ништо ама баш ништо не работат, или незнаат да работат. Ова се вика купи ден помини, појасни таа.

Димитриеска Кочоска потенцираше дека нема податоци на доделена финансиска поддршка по корисник, поради што постои отсуство на информации за вкупниот износот на финансиска помош кој секој деловен субјект го добил по различни видови на економски мерки.

– Ова може да не води до заклучок дека повторно се помагани фирми блиски до власта, или дека се правени пакети на мерки согласно потребите на компаниите блиски до власта. Оваа влада е корумпирана, нетранспарентна и се служи само со лажни информации и податоци. Затоа економијата е на дното. ВЕДНАШ ДА СИ ЗАМИНАТ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.