Извештајот на Државната ревизија за успешноста на шесте пакет економски мерки на Владата покажа дека дел од институциите ги користеле парите за други цели, иако биле наменети за проекти.

Дел од институциите добиле средства во износ од 67.780 илјади денари, а ги искористиле за исплата на плата на вработените, без никаков законск основ.

Финансиските средства биле доделени за реконструкција на Универзална сала, набавка на механизација и товарни возила, подмирување на обврски настанати пред периодот на прогласување на пандемијата, но не биле искористени за нивната цел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.