Во Прилеп тешко повреден жител на крушевско село.

На 14.02.2022 во 13.30 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Орде Чопела“, патничко возило „опел вектра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(34) од Прилеп удрило во О.Џ.(35) од с.Белушина, крушевско. О.Џ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.