Жена загина на лице место во тешката сообраќајна несреќа која се случила на 23 април, околу 14 часот на патот Битола – Ресен кај превојот Ѓавато во атарот на с.Ѓавато.

Како што информира МВР, во несреќата учествувале автомобил „сеат“ со ресенски регистарски ознаки управувано од И.А.(57) од Ресен и „мерцедес” со ресенски регистарски ознаки управуван од С. Ј.(52) од Ресен.

Во незгодата на лице место починала И.А.. Смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош.

Нејзиниот сопатник А.А.(56) од Ресен и возачот на другото возило се здобиле со лесни телесни повреди, велат од МВР.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.