Во два одделни случаи во Градскиот парк во Скопје биле нападнати неколку малолетници.

Како што соопшти МВР, првиот случај на 23 април, во 00:20 часот, во полиција го пријавил В.Г.(44) од Скопје. Според пријавата, околу 22.45 часот во Градскиот парк во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Во вториот случај, пак, истата вечер во Градскиот парк малолетници со закана од друг малолетник одзеле пари. Случајот во полиција, во 00:40 часот, го пријавил Д.Т.(41) од Скопје, татко на оштетениот малолетник.

Полицијата презема мерки за расчистување на случааите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.