Ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште во Велес.

Во СВР Велес денеска во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“, Васко Трајковски пријавил дека ученик истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор.

Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено“, информира портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28 Ноември – Денот на албанското знаме, лице од тетовско го симна знамето на МПЦ пред црквата на Попова Шапка и постави албанско знаме.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.