Вистиснка драма се случувала вчера на улицата „Партизанска“ во Охрид, во близина на православната црква „Свети Никола“, јавува локалниот портал Охрид 1. Според охридскиот портал, две Јужнокорејки, мајка и ќерка, агресивно се однесувале кон минувачите, им довикувале и ги попрскувале со непозната течност, а потоа почнале и физички да ги напаѓаат.

Жените биле облечени во црно, а наводно напаѓале со остар предмет, виљушка или џебно ноже.

Кога дошла полиција, жените одбиле да се идентификуваат и ги нападнале и полициските службеници. Полицајците биле принудени да применат одредена сила, да ги совладаат жените  и да ги стават во полициско комбе.


Повеќе ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.