Полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Ѓорче Петров го лишиле од слобода Б.Р. (28) од Крива Паланка, со престој во Скопје.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека довел во заблуда лице од Штип, лажно претставувајќи се како вработен во МВР и му ветил дека може да му извади лиценца за обезбедување и возачка дозвола без полагање, при што во два наврати му земал вкупно 1782 евра.

При претрес во домот во кој престојува во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.

Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.