Вчера во 13.35 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(30) од Скопје, патничко моторно возило „поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(49) од Скопје и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(26) од Скопје, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Т. , констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.