Вчеравечер околу 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од В.С.(39) од Скопје и патничко возило „киа“, управувано од М.Ј.(19) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.В., сопатничка од возилото „ауди“, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.