Ноќва околу 01.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 18.50 часот на 09.01.2023 на крстосницата на улиците „29 Ноември“ и „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во 18-годишната Е.Н. од тетовско Слатино и го напуштило местото.

Во несреќата, Е.Н. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.