На 8 јули во 18.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен 15-годишник од скопско, на кој му се слошило додека бил на базен на подрачјето на Карпош, соопшти МВР. По извршените обиди за реанимација му била констатирана смрт без видливи траги на насилство.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.