Во куќа на улицата „Васа Кошулчева“ брoj 2 во Велес утрово во 5:10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) пронашле изгорен човек. ТППЕ за опожарената куќа добила повик утрово во 5:10 часот. Горела соба од куќата, каде што е и пронајдено изгореното лице.

Смртта на лицето за МИА ја потврдија и од Брза помош кои информираа дека кога дошле на местото на настанот нашле изгорено лице.

Како што информира за МИА Славица Панова од службата за Брза помош која во 5:20 часот била повикана на местото на пожарот, само била констатирана смрт кај лицето.

Засега не се знае идентитетот на лицето, тоа дополнително во текот на денот треба да го утврдат екипа од Крим техника на СВР Велес, јавен обвинител и лекар од Брза помош, рече Панова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.