Денеска продолжуваат завршните зборови за случајот „ТНТ“. Откако вчера се обрати Миле Јанакиески за денеска се планирани поранешниот градоначалник Тони Трајковски и останатите бранители.

На вчерашните завршни зборови Јанакиески рече дека за време на процесот апсолутно се докажало дека објектот „Космос“ е дивоградба и оти инвеститорот Фијат Цановски цело време барал политичко решение комплексот да не биде срушен.

Очигледно е дека ако „Космос“ ги имаше сите потребни документи немаше да биде срушен-посочи Јанакиески.

Според него, ова е еден од ретките случаи во кои наместо државниот се штити приватниот интерес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.