Кичевец е тешко повреден во несреќата што се случила вчера наутро на магистралниот пат Кичево-Охрид. Како што пренесува МВР, вчера во 11:00 часот било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.А. (59) од селото Другово, паркирано товарно моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост од Д.Р.(49) од кичевското село Вранештица и паркирано патничко моторно возило „џета“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на С.М.(46) од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.А., констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од ОВР-Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.