Мотоциклист бил тешко повреден денеска во сообраќајна незгода во кавадаречко, информираа попладнево од СВР Велес.

Денеска во 12.20 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-место викано „Мушов гроб”, на излез од село Ваташа, кавадаречко, мотоцикл ,,хамачи” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од П.С.(48) село Ваташа, излетал од коловозот, соопштија од СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.